Во моментов, бугарските политички партии ГЕРБ, „Има таков народ“ и БСП имаат речиси еднакви позиции. Битката за првото место нема да се води меѓу две, туку меѓу три партии и ќе се решава во преостанатата недела пред изборите, покажува анкета на агенцијата „Медијана“ за политичките ставови една недела пред изборите, спроведена помеѓу 26 јуни и 2 јули со 920 возрасни граѓани.

Ако изборите беа денес за ГЕРБ-СДС, би гласале 22,5 проценти од гласачите, за „Има таков народ“ – 21,7 проценти, за „БСП за Бугарија“ – 20,6 проценти , за ДПС -11,1 процент, „Демократска Бугарија“ – 10 проценти од гласовите, „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,1 процент, а „Бугарските патриоти“ – 4,8 проценти.

Демократска Бугарија и ДПС имаат блиски позиции и се борат за четвртото место. Најверојатно, ќе има седум партии во следниот парламент, и засега „Исправи се! Мафијата надвор!” и Патриотите се над 4-процентната бариера.

Во моментов, податоците покажуваат дека ќе биде невозможно да се формира владејачко мнозинство (коалиција) околу која било од трите водечки политички формации – без оглед кое ќе биде прво, второ или трето. Веројатно излез од оваа ситуација е малцинска влада која се потпира на ситуациска поддршка од „неприфатливи“ „статус кво партии“ или нови избори, наведуваат од агенцијата.

„Најдени се списоци со 28.000 гласачи во имот на луѓе поврзани со ГЕРБ во регионот Хасково, кои според првичните податоци биле користени на претходните избори на 4 април, а нивната употреба е подготвена за претстојните избори в недела“, изјави техничкиот бугарски министер за внатрешни работи Бојко Рашков по свечената прослава на 142-годишнината од формирањето на Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Според Рашков, за тие гласови најверојатно се плаќало. Тој истакна дека според првичните податоци, ова се гласачи за политичката партија ГЕРБ.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 04:18