Јавното комунално претпријатие „Градска чистота” соопшти дека при анализа на комарци од територијата на градот Белград е откриен вирусот Западен Нил, пренесе порталот Беоинфо.

„Појавата на вирусот Западен Нил беше очекувано, затоа влеговме во процес на вклучување на авијацијата. За жал, нашите сомневања се обистинија и затоа апелирам до моите сограѓани да бидат претпазливи и да не ги игнорираат симптомите и да се јават кај лекар доколку имаат висока температура, главоболка, слабост или осип во пределот на градите“ изјави директорот на ЈКП Градска чистота”, Марко Попадиќ.

Како што е наведено, Секторот за екологија и подобрување на животната средина на „Градске чистота” ќе продолжи да врши мониторинг на 24 локации во Белград, додека лабораторијата ќе продолжи со анализа на изолирани примероци.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 04:21