Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска ќе ги претстави пред Европски парламент приоритетите на словенечкото претседателствување со Европска Унија.

Социјалистите, либералите, зелените и левицата најавија дека ќе бидат критични на денешната пленарна седница, додека Европската народна партија (ЕПП), на која и припаѓа Јанша, ќе биде воздржана.

На денешната дебата се очекува да влијаат неодамнешните настани кои го одбележаа почетокот на претседателствувањето на Словенија со ЕУ. Јанша на првиот ден од работниот состанок со ЕК на Брдо кај Крањ ги критикуваше социјалдемократите, а потоа потпретседателот Франс Тимерманс одби да се фотографира на заеднчката фотографија.

Додека словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс на прес-конференција во петокот посветена на словенечкото претседателствување содржеше несоодветна метафора што се толкуваше како критика кон Тимерманс.

Друга тема најверојатно ќе биде неуспехот на Словенија да ги назначи словенечките обвинители за новоформираното европско јавно обвинителство (ЕППО) и односот на Јанша кон медиумите, како и поддршката за Унгарија за контроверзниот закон што ги дискриминира луѓето поради нивната сексуална ориентација.

За вечерва е предвидено Јанша да присуствува на состнокот на ЕПП.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 12:33