Наставници од основните училишта „Аврам Писевски“, „Војдан Чернодрински“ и „Братство“ можат да аплицираат на вториот јавен повик на Министерството за образование и наука, за напредување во звање ментор.

Наставниците – ментори ќе остварат право на финансиски додаток од околу 3.000 денари, средства од Буџетот на Министерството за образование и наука. Менторите обезбедуваат поддршка и ги водат низ работата наставниците – почетници. Исто така, менторите помагаат и на студентите од факултетите за наставници, со цел да стекнат вештини и практични знаења за работа со ученици и користење на иновативни приоди во работењето.

На првиот јавен повик веќе се избраа наставници – ментори во преостанатите седум основни училишта во Карпош. За наставници – ментори се избрани:

 ООУ „Владо Тасевски“, Виолета Панев, наставник по англиски јазик;  ООУ „Димо Хаџи Димов“, Невена Петковскa, наставник по историја;  ООУ „Лазо Трповски“, Д-р Милица Патраклиева, наставник по географија;  ООУ „Петар Поп Арсов", Олгица Бајалџиева, наставник по биологија;  ООУ„Вера Циривири Трена", Дивна Карапанчева, наставник по биологија и природни науки;  ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош", Владанка Димитрова Урошева, одделенски наставник;  ООУ ,,Јан Амос Коменски", Александра Блажевска, наставник по хемија и природни науки.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули 2021 година.

Линк до повикот: https://bit.ly/2SNoTV0



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2021 13:03