Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Филип 2 Македонски“, на потегот од „11 Октомври“ до „Холидеј Ин“, дел од „Мирче Мацан“, „Светозар Марковиќ“, дел од ГТЦ, Сојуз на синдикати, дел од Градска болница, ресторанот „Национал“ и сите објекти од овие улици.
Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради промена на шибер на улицата „Филип 2 Македонски“ б.б.
Прекинот во водоснабдувањето ќе биде се до до завршување на работите.