На Зелениот покрив во Домот на градежнците вечер ќе бидат промовирани две нови патентирани иновации кои ќе се применат прв пат во Скопје.
Промоцијата е дел од одбележувањето на јубилејот – пет години од формирањето на Националната асоцијација на иноватори на Македонија (НАИМ).
На настанот ќе учествуваат претедателката на советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богановиќ.
Како што соопѓтија од НАИМ, двете патент-иновации во соработка со Град Скопје наскоро ќе бидат применети.