Во битолската Клиничка болница, во инфективното одделение, нема нити едно хоспитализирано лице заболено од ковид, изјави Билјана Гагачовска, директорка на оваа здравствена установа.

Според Гагачовска не е потребно опуштање и граѓните треба да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство.

-Во следниот период ќе вршиме целосна реконструкција на зградата на инфективното одделение, а во меѓувреме интервенираме со санација на одделни делови во инфективното одделение со цел подготвени да го дочекаме претпоставениот есенскиот бран кој очекуваме да биде со помали проблеми. Во наредниот период ако има потреба пациентите ќе ги сместуваме во модуларните болници каде има 90 кревети за да ги подобриме условите за сместување пациенти во инфективното одделение, посочи Гагчовска и апелира на вакцинирање кое од 12 јули ќе ги опфаќа и лицата кои досега не се пријавиле за вакцинирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2021 15:00