Заврши изведбата на молеро фарбарските работи на надворешноста на зградата на подрачното училиште во селото Прдејци, кое работи во состав на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.

-Со средства од сопствениот буџет, претходно го бетониравме и заградивме северниот дел од дворот на училиштето, а сега целосно ја обновивме и фасадата на училишната зграда која подготвено ќе ги пречека учениците во новата наставна година,велат од училиштето во Негорци.

Директорката Жаклина Линкова најави дека следен зафат за подобрување на условите за реализирање на образовниот процес ќе биде замената на дотраениот амортизиран под во училишната спортска сала со специјален гумен под.

-Тендерската постапка е спроведена,а деновиве ќе го потпишеме и договорот со изведувачот со што практично ќе почне реализацијата на проектот кој ќе ги олесни условите за развивање на спортскиот дух на учениците во рамки на предметот за спорт и спортски активности, рече Линкова.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2021 15:01