Европската вселенска агенција (ЕСА) се подготвува да постави тн. „роботска рака“ на Меѓународната вселенска станица (МВС). „Европската роботска рака“ (ЕРА) ќе полета на 15 јули, а пристигнувањето се очекува на 23 јули. Ова ќе се случи по 20 години одложувања предизвикани од технички проблеми.

Се работи за „одачки“ робот што ќе се движи вон и близу рускиот дел на МВС. Лансирањето ќе се изврши со руска ракета „Протон“, којашто ќе понесе и еден руски повеќенаменски лабораториски модул „Сајенс“.

„ЕРА“ е долга 11 метри, и има можност да се „закотви“ надвор од МВС и да се движи меѓу утврдени точки. Уредот ќе им помага на астронаутите за време на излегувањата во вселенскиот простор, а може да помогне и при инсталирање и замена на елементи од надворешната страна на Станицата. Раката има седум зглобови и ќе може да се справи со товар тежок неколку тони. Може и да превезува астронаути како кран.

Со роботот ќе можат да управуваат астронаути од внатре и надвор од МВС, а исто така може да се репрограмира за одредени функции. Има и инфрацрвени камери коишто можат да помогнат во проверките на надворешната страна на МВС.

Развојот на роботот во голема мерка беше финансиран од холандската Влада и од конзорциум на европски компании, вклучувајќи ги тука „Ербас одбрана“, „Спејс Недерланд“ и ЕСА.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2021 13:25