Аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески и кратки записи за животот и делото на еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик ќе бидат промовирани вечер од 20 часот во дворот на Министерството за култура.

– Видеата се изготвени во рамките на програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел од Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, соопшти Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2021 14:09