Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово денеска ги соопшти резултатите од конкурсот за „ФИЛМАЈ 2024“ фестивалот на краток филм. Стручното жири составено од Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер), одлучи за составот на наградените и официјално селектираните филмови.

-Наградени се филипинскиот „Жими сè најмило“ режиран од Сам Манакса, чешкиот „Морска сол“‘ со Захер Јуреидини како директор на фотографија, „Синкопат“ (Шпанија) по сценарио на Рамон Лазаро, заедно со најдобриот домашен филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ режиран од Лидија Мојсовска, и „Девет сантиметри“ (Русија) како најдобар краток филм, соопштија организаторите.

Овогодишниот „ФИЛМАЈ“ фестивал ќе се одржи на 29 и 30 мај 2024 (среда и четврток) во занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот, покрај наградените, ќе бидат прикажани уште единаесет официјално селектирани филмови.

Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2024 19:14