Во разговор за „Шоуто во живо“ на Џими Кимел синоќа, глумецот Колин Фарел со тага проговори за постојната криза со бездомништвото во Лос Анџелес.
Тоа е проблем што е тешко да не се забележи, вели, особено во Холивуд… Глумецот зборуваше и за тежината на изминатата година во однос на пандемијата и социјалните немири.
– Бездомништвото е тука. Многу е тешко за гледање. Не ми е јасно… Дали јас правам нешто во врска со тоа сега? Не. Би сакал да мислам дека правам нешто околу тоа. Не разбирам како толку луѓе можат да бидат на улица?!, вели Фарел.
Агенцијата за бездомници во Лос Анџелес извести дека во округот, 66.436 лица стекнале бездомништво од јануари 2020 година досега. А, ова не е првпат Фарел да се осврне на ова прашање. Тој и работи со организацијата Светско првенство за бездомници, за помош на луѓето што немаат свој покрив над себе.
Следачи на Твитер го поддржаа Фарел… „Ми дава надеж за човештвото“ – гласи еден коментар.