Мајкл Авенати, адвокатот кој стана светски познат застапувајќи ја порноглумицата Сторми Даниелс против Доналд Трамп, вчера беше осуден на 2,5 години затвор, за обид за изнуда од компанијата „Најки инк.“

Американскиот окружен судија за њујоршката општина Менхетн, Пол Гардеф изјави дека Авенати (50) „станал опиен од моќта на неговото стојалиште“ и го предал го својот клиент – колеџ-тренер за млади во кошарка, за своја лична корист.

– Однесувањето на господинот Авенати е срамно. Тој ги запоседна побарувањата на својот клиент и ги искористи тие тврдења заради унапредување на својата корист, а тоа е – да изнуди милиони долари од „Најки“ за себе, рече Гардеф.

Изрекувањето на пресудата претставува очекуван пад за контроверзниот адвокат. Авенати се соочува со уште три други судски процеси за измама, вклучително и кон Даниелс, чие правно име е Стефани Клифорд. Во случајот „Најки“, Авенати е осуден за закана дека ќе обелодени наводни коруптивни исплати на оваа спортска компанија кон семејства од повеќе колеџи, освен ако таа не му плати и до 25 милиони долари нему и на друг адвокат – за истраги.

„Најки“ негираше дека тие сториле погрешно дело. – „Пресудата и казната зборуваат сами за себе“, се вели во нивното соопштение.

Авенати беше осуден и за измама на тренерот Гери Френклин, со тоа што не му рекол дека нема да има договор доколку нема физичка истрага.

Гардеф ги читаше подробно и снимените искази на Авенати, каде што има и вулгарности, пред да ја изрече казната. А, таа вклучува и дополнителни три години надзор по ослободувањето од затвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2021 13:06