Хеви-метал пејачот Мерилин Менсон бил уапсен од полицијата во Калифорнија (САД), откако сам се предал по издадената потерница во Њу Хемпшир.

Шефот на полицијата во Гилфорд, Њу Хемпшир, Ентони Џ. Бин Барпи потврди дека Менсон, чиешто вистинско име е Брајан Хју Ворнер, минатиот петок ѝ се предал на полицијата во Лос Анџелес по потерница поврзана со концерт во Гилфорд во август 2019 година. Менсон потоа бил процесиран и ослободен со „кауција по лично признание“ и други услови, меѓу нив и дека во меѓувреме немал контакт со наводната жртва, според Бин Барпи.

„Како агенција, задоволни сме од одлуката на г-н Варнер за конечен одѕив на налогот за апсење кој е во сила од 2019 година“, рече Бин Бурпи во изјавата.

Датумот на судењето ќе биде одреден откако властите во Њу Хемпшир ќе ги добијат документите за кауцијата по пошта од Лос Анџелес.

Низа обвинувања се појавија против Менсон последниве месеци, но не сите се поврзани со потерницата од Њу Хемпшир. Фиби Бриџерс во февруари рече дека ја видела Менсоновата „соба за силување“ во неговиот дом, како што самиот рекол, кога таа го посетила како тинејџерка. Таа својата изјава ја даде на Твитер неколку дена откако глумицата Еван Рејчел Вуд, поранешна партнерка на Менсон, изјави дека тој ја злоуптребил.

Во април, Менсон беше обвинет и од глумицата од „Игра на тронови“, Есме Бјанко, која тврдеше дека се служел со измамнички можности за работа и оти употребил „сила и / или закани со сила“ заради злоупотреби. Во мај се појавија уште две слични обвиненија за сексуално и психолошко насилство.

Менсон и неговиот адвокат ги отфрлаат сите обвинувања и велат дека жените само сакаат да изнудат пари.

ФБИ соопшти дека нема да потврди или порекне каква било истрага. И полицијата во Лос Анџелес одби да даде дополнителен коментар.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2021 16:20