„ЗТЕ“ во овој миг е единствената компанија што комерцијално продава паметни телефони со камера за самослик сместена под екранот, а втората генерација ќе пристигне наскоро. Сепак, и „Хуавеј“ влегува со свој уред во оваа трка.
„Самсунг“ се очекува наскоро да го претстави „Галакси фолд 3“ – паметен телефон што ќе ја прифати новата „невидлива“ технологија на камерата под екранот. И „Опо“ работи на ова технолошко решение, а сега и „Хуавеј“ патентираше свој уред од ваков тип. Документи со официјални илустрации на уредот врз основа на кои се создадени телефоните, протекоа на интернет.
Гледајќи ги рендерите, може да се заклучи дека овој паметен уред ќе ѝ припаѓа на „средната класа“ телефони, како и дека е многу сличен на „Онор Икс-20 СЕ“ во однос на камерата и целокупниот дизајн. Се разбира, патентите не мора да ги одразуваат претстојните производи.