Деновиве се врши одржување и обновување на поголем број краци и улици на ниво на целата територија на Општина Аеродром.
Во тек се градежни активности на:
- Пристапнатата улица кон паркинзите на зградите 5,9,11 и 51 на бул. „Видое Смилевски – Бато“ во населбата Ново Лисиче;
- На крак на улицата „Пандил Шишков“ во населбата Стар Аеродром;
- На крак на улицата „23 Октомври“ во населбата Острово, како и
- На крак на улицата „Лисец“ во Горно Лисиче;
„Општина Аеродром останува фокусирана на подобрување на патната инфраструктура, со цел поголема безбедност на пешаците и на сите учесници во сообраќајот“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Одржувањето и обновувањето на улиците и краците под надлежност на Општина Аеродром продолжуваат и во наредниот период во различни делови од општината, според однапред предвидената динамика.