Без вода денеска од 08:40 часот ќе бидат корисниците од улицата „474“ и дел од улицата „Томе Арсовски“, во општина Кисела Вода.
Од 9 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците „6“ и „8“, како и дел од улицата „4“ во населбата Бардовци.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека причина за прекинот на водоснабдувањето се дефекти на улицата „474“, број 1 во Кисела Вода, и на улицата „6“, број 52 во Бардовци.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Без вода денеска од 10:15 часот ќе бидат i корисниците на дел од улиците „Иван Хаџи Николов“, „Аилска“, „Малешевска“, „Бранко Заревски“ и дел од „Румена Хаџипанзова“ во населбата Драчево.
Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на „Иван Хаџи Николов“, кај новата детска градинка.