Врховниот суд во Лос Анџелес, т.e. судијката Бренда Пени ѝ дозволи на американската пејачка Бритни Спирс да најми нов адвокат во врска со старателството, по нејзиното сведоштво за „насилното старателство коешто го контролира животот“ на некогашната поп-ѕвезда веќе 13 години.

Судот одобри Спирс да биде застапувана од поранешниот државен обвинител Метју Розенгарт, кој го повика татко ѝ на Бритни, Џејмс Спирс – веднаш да се откаже од старателството над неа.

– Ако ова не е насилство, не знам што е!, рече Бритни, велејќи дека нејзиниот татко, како одговорен за неа, ѝ забранил да пие кафе, да зема витамини за косата и ѝ ја одзел возачката дозвола.

Адвокатката на Џејмс Спирс, Вивијан Торин изјави дека тој нема намера да го прекине старателството над неговата ќерка, велејќи дека секогаш и посакува најдобро.

Џејмс Спирс доби контрола над личните и професионалните работи за старателство на неговата ќерка, по судски налог во 2008 година. Старателството првично му беше доделено откако Бритни беше сместена во болница поради загриженост за нејзиното ментално здравје.

Обожавателите на поп-пејачката почнаа и акција „Слобода за Бритни“ и бараат од Судот да ѝ ја врати контролата и одлуките над својот деловен и личен живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2021 12:47