Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како гаранција за непречен настап во елитното натпреварување за сезоната 2021/22.

Повеќе македонски медиуми денеска објавија дека претседателот на „црвено-црните“ потврдил за подготвеност да се плати котизацијата во ЕХФ.

Крајниот рок за уплата на еден милион евра е 27 јули.

Вардарци се цо група со Елверум, ПИК Сегед, Кил, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Алборг.

Новата сезона во ЛШ македонскиот тим треба да ја почне во средината на септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2021 00:25