Глумецот Ештон Кучер откри дека пред 10-на години си резервирал билет за патување во Вселената, со британската приватна агенција „Вирџин галактик“ на Ричард Бренсон. Но, се откажал од таа замисла откако се оженил со Мила Кунис, па го продал билетот.

– Кога се оженив и се родија децата, сопругата во основа ме охрабруваше дека не е паметна семејна одлука, да се упатиме кон Вселената кога имаме мали деца. Така, јас им го продадов билетот на „Вирџин Галактик“ назад. А, требаше да бидам на следниот лет, но… Нема да бидам на следниот лет, изјави Качер за „Чедар њуз“

Сепак, вели, некогаш во иднината – ќе отиде во Вселената.

Наводно, тој за својот билет пред едно деселетие, во 2012. платил 200.000 американски долари.

Со својата колешка, украинско-американската глумица Мила Кунис, ја имаат ќерката – Вајат (6) и синот Димитри (4).



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2021 13:07