Ќерката на холивудската ѕвезда Џулија Робертс, 16-годишната Хејзел Модер дебитираше на црвениот тепих во Кан на годинашниот Филмски фестивал заедно со нејзиниот татко Даниел Модер.

Парот татко-ќерка се појавија по повод премиерата на „Денот на знамето“ (Flag Day), на којшто Даниел работел како кинематограф. За пригодата на црвениот тепих, Хејзел облече бледо-жолт фустан со копчиња, додека Модер носеше свечено одело.

Taa нема свој удел во филмот.

Робертс и Модер ги имаат Хејзел и нејзиниот брат близнак Финеј, од ноември 2004 година. Потоа, во јуни 2007 година, им се роди и синот Хенри. Двојката првпат се сретна на снимањето на филмот со Робертс – „Мексиканецот“ од 2001 година, во кој глумеше заедно со Бред Пит, кога Даниел Модер беше асистент на камера. Робертс и Модер се венчаа на 4 јули 2002 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2021 13:17