Поради уличен дефект до негово санирање без вода за пиење ќе бидат корисниците на улиците „Сречко Пужалка“ 17 и Товарник, како и на „Палмиро Тољати“ 104 б.

ЈП Водовод и канализација соопшти дека денеска поради уличен дефект на водоводната цевка Ф 100мм. на улица „Сречко Пужалка 17“ со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Сречко Пужалка“ и „Товарник“.

Исто така поради уличен дефект на приклучна водоводната цевка Ф 1“. на улица „Палмиро Тољати“ 104б. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата „Палмиро Тољати“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до завршување на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2021 13:52