Во рамки на проектот „Млади поетски пера – Стиховите градат мостови“, Здружението за култура и заеднички вредности „КРИК 094“ од Гостивар објави конкурс за млади поети.

– Право на учество имаат поети на возраст од 16 до 35 години, кои пишуваат поезија на македонски, албански или турски јазик. За учество на конкурсот потребно е испраќање на една поетска творба на мајчин јазик, на која било тема, информираат од Здружението.

Рокот за праќање на темите е до 5 август 2021 година, на имејл-адресата zdruzeniekrik094@gmail.com. Покрај творбата, авторите треба да испратат и лични податоци: име и презиме, возраст, адреса на живеење и телефонски број.

Од „КРИК 094“ соопштија дека најдобрите поетски творби што ќе бидат избрани од стручна комисија ќе бидат преведени на македонски, албански и на турски јазик и ќе бидат објавени во заедничка тријазична збирка.

Избраните автори ќе добијат примерок од збирката и пофалница.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2021 15:53