На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје вечер со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Парови“ на авторката Ана Ристоска-Трпеноска и во режија на Ивана Ангеловска.
Претставата прикажува неколку парови во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите.
Во „Парови“ играат актерите на Драмски театар - Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.
Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.