Делницата на патниот правец од клучката Штип – Запад до клучка Штип – Југ од утре ќе биде целосно затворена за сообраќај, кој ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучката Штип – Југ.

Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Регионалниот пат Ресен – Охрид, преку Галичица, е отворен за сообраќај. Препорака до возачите е да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2021 17:13