Македонскиот ракометен репрезентативец Димитар Димитриоски е нов член на прволигашот Еурофарм Пелистер 2.
Димитриоски се обврза на договор на една сезона и веднаш ќе се приклучи на подготовките со своите нови соиграчи и стручниот штаб на чело со Александар Јовиќ.
Дваесетитригодишниот Димитриоски доаѓа во Битола од скопски Вардар 1961, клуб со кој минатата сезона ја освои Суперлигата и Македонскиот куп.
Во новата средина Димитриоски ќе ја смени и својата улога и ќе игра на позиција среден бек.