По вестите дека британскиот принц Хари ги пишува своите мемоари, Бакингемската палата излезе со свој коментар. Имено, претставник на палатата за „Пипл“ кажа дека принцот неодамна зборувал приватно со кралското семејство за објавување на книгата, додавајќи дека тој нема да добие дозвола од палатата за проектот.

Во понеделникот, „Пенгвин рандом хаус“ објави дека принцот Хари работи на мемоари, што треба да бидат објавени кон крајот на 2022 година.

– Ова го пишувам не како принц, роден, туку како човек каков што станав. Носев многу „шапки“ (маски) во текот на годините, и буквално и фигуративно, и мојата надеж е дека при раскажувањето на мојата приказна – со сите подеми и падови, грешки, научени лекции – можам да помогнам да покажам дека без оглед од каде доаѓаме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме, рече Хари во изјава потоа.

Тој притоа се заблагодари за можноста и вети дека напишаното ќе биде целосно вистинито.

Бакингемската палата одби да коментира понатаму, велејќи оти „секое појаснување во врска со книгата би било прашање за војводата и војвотката од Сасекс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2021 15:05