На 21.07.2021 околу 05.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Ј.Р.(37) од Свети Николе, бидејќи во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија, во врска со претходна пријава од Ј.Р. дека околу 03.20 часот во близина на хотел на подрачјето на Центар била физички нападната со тврд предмет од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2021 02:34