Вчера, од 12.00 до 18.00 часот, на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани и санкционирани 65 прекршоци, од кои 27 во Велес, 19 во Кавадарци и 19 во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.
На несовесните возачи им биле изречени соодветни казни поради прекршување на Законот за сообраќај.