Полициски службеници од ОВР Кочани синоќа околу 23 часот го лишиле од слобода И.З.(26) од с.Чешиново, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена", соопшти Министерството за внатрешни работи.
Имено, според пријавата од 45-годишна жителка на Кочани, И.З., со кого била во љубовна врска, ја уценувал дека доколку не му даде пари, ќе објавел фотографии и видео запис за неа со компромитирачка содржина.
Во координација со јавен обвинител, лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259, став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението.