Најновиот производ на познатата германска компанија „Брабус“ е заснован на најмоќната верзија на теренскиот „ГЛЕ“ на „Мерцедес“, поддржана од одделот „АМГ“. За основа на проектот „Брабус 800“ искористен е „Мерцедес-АМГ ГЛЕ 63 С 4-Матис“ купе чиј 4-литарски В-8 мотор развива 612 коњски сили.

Но, возилото има 800 коњски сили, наместо стандардните 612 и, 850 њутн-метри вртежен момент и 1.000 њутн-метри што се дистрибуираат на двете оски со рекалибриран 9-степенски автоматски менувач.

„ГЛЕ“ од 0 до 100 км/ч достигнува за 3,4 секунди (0,4 секунди побрзо од стандардната верзија) и развива електронски ограничена бризина од 280 км/ч.

За оние „со покус џеб“, „Брабус“ го нуди истиот пакет во комбинација со мотор кој развива 700 коњски сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2021 13:32