Денеска (25.07) околу 16 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.А. (31) од село во гостиварско, кој се сомничи дека во текот на изминатите два месеци, во повеќе наврати, од куќата на неговиот татко одзел златен накит во вкупна вредност од 50 до 60 илјади евра.
Златото било сопственост на неговата сестра, а М.А. го продавал на други лица, додека кражбата денеска (25јули) во 15 часот ја пријавил таткото.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.