Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево, во близина на село Врбјани.

Според првичните информации потврдени од полицијата, незгодата се случила околу 18:20 часот, при директен судар на две патнички возила марка „Фолксваген голф“ и „Тојота“, при што смртно настрадал возачот на „голфот“.

Сообраќајот на тој дел од магистралниот пат се одвива со пренасочување по делниците од автопатот во изградба



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2021 02:43