На 24.07.2021 во 10.30 часот на Граничен премин Блаце од слобода бил лишен А.К.(50) од Косово затоа што при контрола и преглед на возилото „ауди“ со косовска национална ознака, што го управувал, било констатирано дека се извршени преправки на бројот на шасијата.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.