Вчера во 15:06 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека во Хирушкото одделение бил донесен 17-годишник од село Пирок, општина Боговиње, со рана од огнено оружје во пределот на градите.
По преземени мерки било утврдено дека во домот на Ј.М. во село Пирок, кој бил во Швајцарија, неговиот син и повредениот малолетник го пронашле пиштолот и додека синот на Ј.М. го држел пиштолот испукал еден куршум.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.