Во засилени акциски контроли за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територијата на СВР Куманово, вчера се санкционирани 75 возачи, а на територијата на СВР Велес, по тој основ се казнети 45 возачи. Седум од 45-те казнети возачи во Велес возеле со над 50 километри на час над дозволеното, а двајца со дури 70 километри на час над дозволеното, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму најавуават дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2021 12:12