Од угостителски објект на булевар „Ослободување“ во Кичево ноќеска, 30 минути по полноќ, бил нарушен јавниот ред и мир со гласна музика, која при извршеното мерење изнесувала 49,9 децибели, информираат од полицијата.

-По извршеното мерење и констатираната фактичка состојба, против сопственикот и одговорното лице во објектот, ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Тој, меѓу другото, соопшти дека утринава во 4 и 30 часот, пријавен бил нарушен јавен ред и мир со предизвикување и учество во физичка пресметка во угостителски објект во село Трапчин дол,од Б.Р.(37) и В.Р(35) двајцата од село Горно Строгомиште и Е.П.(26) од Кичево од друга страна.

Димоски најави дека против нарушителите ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2021 01:15