На 27.07.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода лишен е од слобода Н.С.(26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 25.05.2021 околу 15.00 часот со закана со нож извршил кривично дело „разбојништво“ над вработен во спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода.
Тој е приведен во Полициска станица Кисела Вода, при што во целост го признал извршувањето на кривичното дело.
Во координација со Јавен обвинител, против Н.С. е поднесена кривична пријава и истиот е предаден во ОЈО Скопје.