Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 53 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 24 за возење без возачка дозвола,

Изречени се 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2021 12:35