Возилото „Мерцедес-Бенц 600“, што му припаѓаше на англискиот музичар, пејач, текстописец, музички и филмски продуцент и гитарист на легендарните „Битлс“ – Џорџ Харисон, беше продаден на аукција, вчера, за 145.000 фунти (170.000 евра).

Автомобилот е произведен во септември 1963 година како еден од најпопуларните во историјата, и стана хит меѓу славните, државниците и политичарите ширум светот. Тоа е наследник на моделот „300-Д Аденауер“ и е произведен во ограничен број примероци. Некогаш се сметаше за најскап и технолошки најнапреден модел на „Мерцедес“. Неговата големина, тежина и бројните хидраулични системи доведоа до развој на 6,3-литарскиот мотор „М-100 В-8“ со системот за вбризгување на гориво на „Бош“. Моторот со 247 коњски сили развиваше максимална брзина од 208 км/ч и е поврзан со четиристепенски автоматски менувач.

Внатрешноста на автомобилот содржи многу дрво, кожа и метал. Во Велика Британија во март годинава, му беше направена и реставрација.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2021 16:29