Четириесет и осумгодишен кумановец починал од здобиени повреди, а други две лица се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила вчера, кога возило удрило во паркиран автомобил на булеварот „Трета МУБ“, соопшти денеска МВР.

– Вчера, околу 13.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 70 -годишниот М.П. од Куманово, удрило во паркирано патничко возило „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото, информираше полицијата.

По незгодата тројцата биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди, а А.Х. им подлегнал на повредите. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.

Уште една сообраќајна несреќа се случила во Куманово во која учествувале мотор и автомобил и во која три лица се повредени. Несреќата во кумановската полиција била пријавена 25 минути по полноќ.

– На булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сузуки“, со кумановски регистарски ознаки, на кој се превезувале А.Т.(20) и Д.С.(20), двајцата од Куманово и патничко моторно возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(22) од Куманово-соопшти полицијата

По незгодата двете лица кои се превезувале на мотоциклот, како и возачот Д.Т. биле пренесени биле во Општата болница Куманово, каде на А.Т. и Д.С. им биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Т. му биле констатирани телесни повреди. Кумановската полиција извршила увид.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2021 14:25