На 28/29.07.2021 во периодот од 21.00 до 01.00 часот на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола со снимање со радар во ноќни услови на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа констатирани се 25 прекршоци по акциската контрола и 23 останати прекршоци. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.
На 28/29.07.2021 во периодот од 20.00 до 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола констатирани биле 17 прекршоци. Притоа 7 возачи не користеле заштитна кацига, 3 возачи управувале без возачка дозвола, 3 нерегистрирани, 1 под дејство на алкохол и 3 останати прекршоци. Одземени се 3 мопеди согласно чл.344 од ЗБСП. Санкционирани се и 11 останати прекршоци.
На 28.07.2021 во станица за технички преглед од 18 времено одземени мотоцикли, согласно чл.344 од ЗБСП, кај 10 мотоцикли е констатирана техничка неисправност во поглед на бучавата, а 8 биле со измината важност на регистрацијата.