Селемон Барега од Етиопија го освои денеска првиот златен медал на атлетските натпреварувања на Игрите во Токио со триумфот на трката на 10.000 метри.

Барега победи со време од 27:43:22 минути, оставајќи го зад себе светскиот првак и светски рекордер Џошуа Чептеги од Уганда., кој низ целта мина со време од 27:43:63.

Уганда во трката на 10.000 метри го освои и бронзениот медал со успешниот настап на Џејкоб Киплимо, кој заврши третопласиран со време од 27:43:88.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2021 23:03