Репрезентативката на Јужна Кореја во стреличарство Сан Ан стана првата спортистка на Олимписките игри во Токио со три освоени златни медали.

Откако го освои златното одличје екипно и во мешани двојки, Ан ја освои олимписката титула и во поединечна конкуренција. Таа во финалето беше поуспешна од Русинката Елена Осипова со 6:5 во сет поени.

Бронзениот медал го освои Италијанката Лусила Боари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2021 23:15