Франција и Шпанија се пласираа помеѓу четирите најдобри репрезентации на ракометниот турнир на Игрите во Токио.
Рано утрово Шпанија ја победи Шведска со 34:33 во второто четвртфинале.
Претходно, Франција забележа убедлива победа над Бахреин со 42:28.
Другите две четвртфинални двојки се: Данска – Норвешка (почеток 10 часот) Германија – Египет (13:45 часот).