Во пресрет на новата сезона ракометарите на Вардар и на Металург, утре ќе одиграат контролен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
– Натпреварот ќе биде од затворен тип, без присуство на публика и со ограничен број на присутни службени лица од двата клуба. Со цел за подобро тактичко воигрување на екипите во салата нема да биде дозволен пристап ниту на медиумите, соопштија од РК Вардар 1961.
„Црвено-црните“ се актуелни државни прваци и македонски претставници во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22.