Во текот на вчерашниот ден (04.08.2021) беше спроведена зајакната акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 38 возачи. Од нив, 12 возилa ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 26 мерки се преземени за брзо возење во населено место. За време на контролата се констатирани и законски санкционирани и 46 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2021 13:33