Меган Маркл вчера наполни 40 години и, по тој повод, од нејзиниот луксузен дом во Калифорнија зборуваше преку видеоврска со комичарката Мелиса Мекарти за нејзиниот нов проект. Тука во близина беше присутен и принцот Хари…

– Ова е мојот 40-ти роденден и имам идеја. Откако наполнив 40 години, барам од мои 40 пријатели да одвојат 40 минути од времето заради менторство кон жените кои бараат работа!, рече Меган.

За време на разговорот, двата ѓердани на Меган, кои кријат посебно значење, привлекоа внимание. Тие ги претставуваат хороскопските знаци на нејзините деца – син ѝ Арчи, кој е роден во знакот на Бик и ќеркичката Лилибет, родена во знакот на Близнаци.

Ѓерданите се дизајнирани од Логан Холовел и се достапни со 14-каратно злато и дијамант или бел сафир. Според наводите, еден ваков моден додаток чини над 1.600 долари.

Инаку, новиот проект на Меган е поттикнување менторство од познати личности, за помош и подучување на жените кои бараат работа откако ја изгубиле или ќе ја изгубат поради пандемијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2021 15:20