Ракометарите на Франција не дозволија изненадување и со победата над Египет остварена претпладнево во Токио изборија учество во финалето на Олимписките игри.
Египетските ракометари им пружија силен отпор на фаворизираните Французи кои на крајот се радуваа со конечни 27:23.
По златото во Пекинг и Лондон и сребрениот медал во Рио пред пет години, Франција повторно ќе има можност да се искачи на ракометниот олимписки трон.
Кој ќе биде ривал на „триколорите“ во големото финале ќе биде познато по одигрувањето на мечот Шпанија – Данска (денес 14 часот).
Поразениот од овој дуел ќе игра со Египет за бронзениот медил.