Американската глумица Кејт Босворт на својот интернет-простор објави дека се разведува од својот сопруг, режисерот Мајкл Полиш, по осум години брак.

„Заедно, изминативе 10 години, Мајкл и јас избиравме љубов секојпат. Денес се држиме за раце како што правевме на нашата венчавка. Нашите очи гледаат подлабоко еден во друг, но сега со повеќе храброст. Се разделуваме и си ветуваме дека нашата љубов никогаш нема да заврши… Нашата најголема чест беше да ја доживееме оваа љубов и ќе продолжиме да ѝ се восхитуваме на убавината на еволуцијата на љубовта. Она што се случува кога ќе стигнеме до крајот на ова нешто и ќе сфатиме – ние само, сме на еден друг почеток”, напиша таа, меѓу другото, во подолгата емотивна објава на Инстаграм.

Следачите ѝ испраќаат зборови на поддршка на двојката.

Кејт и Мајкл се запознаа во 2011 година, на снимањето на драмата „Биг Сур“ што тој ја режираше.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2021 15:21